Фудбалската федерација на Македонија ги одреди терените на кои ќе се играат финалињата во Купот на Македонија во сите конкуренции.
Академија Пандев и Силекс ќе се борат за Куп-трофејот кај сениорите, а финалето е закажано на 19 мај на Националната арена „Тодор Проески“.
Сите финални натпревари во младинските категории се закажани во периодот од 25 до 27 мај, а ќе се играат на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
– Куп на Македонија (помлади пионери), 25 мај Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје
– Куп на Македонија (пионери), 25 мај Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
– Куп на Македонија (кадети), 25 мај Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
– Куп на Македонија (младинци), 25 мај Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;
Академија Пандев е последниот освојувач на Купот на Македонија. „Пандевци“ до својот прв трофеј откако се во елитата дојдоа во 2019 година откако во финалето славеа над Македонија ЃП.