Стадионот Маракана во Рио де Жанеиро, ќе биде домаќин на финалето на овосезонскиот Копа Либертадорес, односно за најдобар клуб во Јужна Америка.
Оваа одлука ја објави денеска претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингес на социјалните мрежи
Овогодинешното финале ќе треба да се игра на 11 ноември. Титулата во елитното натпреварување на Јужна Америка лани го освои Фламенго.
Исто така е донесена одлука каде ќе се игра финалето на Копа Судамерикана. Тој дуел ќе се игра во Монтевидео, но дополнително ќе биде одлучено на кој од трите стадиони ќе биде домаќин на натпреварот.