вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Финалето на „Копа Либертадорес“ на „Маракана“ пред празни трибини

Финалето на „Копа Либертадорес“ на „Маракана“ пред празни трибини

Финалето на овогодишното издание на „Копа Либертадорес“ ќе се игра на легендарниот бразилски стадион „Маракана“ пред празни трибини, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).

– Коронавирусот и натаму се шири низ Јужна Америка и затоа актуелната состојба со Ковид-19 не ни дозволува овој толку важен натпревар да го организираме во присуство на публика, дури ниту пред ограничен број на гледачи, оцени КОНМЕБОЛ

Во првото полуфинале на „Копа Либертадорес“, бразилски Палмеирас синоќа триумфираше во Буенос Аирес над Ривер Плата со 3:0, стекнувајќи убедлива предност пред реваншот на 12 јануари во Сао Паоло.

Во втората аргентинско – бразилска полуфинална пресметка, Бока Јуниорс вечерва е домаќин на Сантос, а реваншот ќе се игра на 13 овој месец.

Финалето на „Копа Либертадорес“ е на програмата на 30 јануари.