Струмичка Академија Пандев е условно “домаќин“ на Силекс во фудбалското финале кое ќе се одигра на 19. мај на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 19 часот.
Минатата година не се играше поради пандемијата, но тоа значи дека Академија Пандев, како освојувач од 2019 година ќе биде во улога на бранител на пехарот, додека Силекс по 24 години одново е во големото финале.