недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Финалето од фудбалскиот Куп на Италија ќе се игра со публика

Финалето од фудбалскиот Куп на Италија ќе се игра со публика

Финалниот натпревар од фудбалскиот Куп на Италија во фудбал, ќе се игра со ограничен број на навивачи.

Тој меч помеѓу Аталанта и Јувентус на 19-ти мај на стадионот на Сасуоло во Реџо Емилија, ќе може од трибините да го гледаат околу 4.700 навивачи, што е 20 проценти од капацитетот на „Мапеи“.

Барањето на италијанската фудбалска федерација е одобрено, откако претходно се дозволи и на средбите од Европското првенство кои треба да се играат во Рим, да има публика и тоа 25 проценти од капацитетот на „Олимпико“.