Иако беше најавено дека фудбалскиот Куп на Македонија на 20-ти мај во кој ќе играат Струга Трим Лум и бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров ќе се игра во Струмица, сепак ФФМ се одлучи тој да се одигра во Скопје.
Пред скоро еден месец Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука финалето да се игра во Струмица за првпат по пет години. Сепак, на стадионот „Благој Истатов подолг период има проблеми со тревната подлага и ФФМ ја смени одлуката.
Место во Струмица Струга Трим Лум и Македонија Ѓорче Петров ќе играат во Скопје и тоа на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
На Националната Арена нема можност да се игра затоа што ќе биде затворена поради јунскиот квалификаицски натпревар против Украина.