четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Фиорентина доби нов тренер

Фиорентина доби нов тренер

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина го назначи денеска Винченцо Италијано за нов шеф на стручниот штаб, потпишувајќи договор за двегодишна соработка со опција неговиот престој во клубот да биде продолжен за уште една година.

Досегашниот тренер на екипата на Специја седнува на клупата на Фиорентина на местото на Џенаро Гатузо, кој на почетокот на овој месец неочекувано замина по нецели три недели откако беше назначен за тренер на клубот од Фиренца.

Фиорентина заврши на 13. место минатата сезона во Серија А.