Следниот предизвик на Боби Фирмино ќе биде во Саудиска Арабија, Бразилецот стави потпис на договор со Ал Ахли.
Откако договорот со Ливерпул му заврши, Фирмино како слободен играч имаше повеќе опции за продолжување на кариерата. Тој реши дека најдобро за него е да се пресели во Саудиска Арабија.
Фирмино стави потпис на тригодишен договор со Ал Ахли кој и официјално го потврди Бразилецот како ново засилување.