Фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино изјави дека во следната сезона влегува со голема мотивација бидејќи сака да се врати во бразилската репрезентација.
Фирмино (31) не играше за Бразил на Светското првенство, бидејќи тогашниот селектор Тите реши да го остави фудбалерот на Ливерпул надвор од составот за Катар.
Фирмино призна дека бил шокиран од одлуката да не игра на Светското првенство, бидејќи во сезоната досега одиграл 21 натпревар и постигнал девет гола.
„Секако дека е фрустрирачки кога не добивате покана за Светското првенство, но како што реков претходно, тоа е дел од Божјиот план и јас го следам тој план. Тоа навистина ме мотивира уште повеќе и ќе работам напорно за да се вратам во репрезентацијата“, изјави Фирмино.
За Бразил, Робето одигра 55 натпревари и постигна 17 голови.