Бразилскиот фудбалски репрезентативец, Роберто Фирмино, оваа лето ќе го напушти клубот од „Енфилд“ и ќе ја заврши својата успешна осумгодиншна кариера во Ливерпул.
Фирмино дојде во шесткратниот европски шампион во 2015 година и оттогаш забележа над 250 настапи за „црвените“, кои ги надополни со повеќе од 80 голови.
Германските медиуми јавуват дека тој веќе ја донел одлуката и разговарал со менаџерот Јирген Клоп, а веста доаѓа како помалку изненадувачка, затоа што во последно време се шпекулираше околу позитивните преговори со управата за продолжување на неговиот договор.
И самиот Клоп неколку пати изјавуваше дека би сакал да го задржи Бразилецот во своите редови, тој е уште во добра форма и сезонава постигна вкупно седум голови и три асистенции од седумнаесет одиграни средби во Премиер лигата.