среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Кул 15 години посветени на спортскиот дух и многу успеси

ФК Кул 15 години посветени на спортскиот дух и многу успеси

На 28 септември 2007 година ФК КУЛ ја започна својата фудбалска приказна. Започна скромно, чекор по чекор, со истрајност и упорност стигнаа до еден од најголемите брендови за млади категории во Македонија.

ФК Кул со гордост може да се каже дека има најдобри услови за млади категории, во моментот има околу 550 членови и 20 лица кои се грижат клубот да функционира беспрекорно.

Клубот е учесник со сите категории од детска, младинска – Супер Лига и сениорска лига на натпреварувања во организација на ФФМ. Зад успешноста на сите тимови белег оставаат сите генерации со учества на турнири, освоени награди и признанија. Посветеноста и истрајноста, предводени од спортскиот дух за победа се мотивација за уште многу успеси.

ФК Кул упатува голема благодарност до родителите, младите фудбалери, тренери, стручни лица и пријатели кои се дел од клубот, веруваат и го бодрат клубот да продолжи по истата патека на успехот.