среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Партизан доби забрана да го користи името, грбот и стадионот

ФК Партизан доби забрана да го користи името, грбот и стадионот

Јавното спортско друштво на сртпскиот великан Партизан од Белград (кое ги сочинува сите истоимени клубови) денес ја разреши управата на фудбалскиот клуб, на чело со Милорад Вучелиќ и Милош Вазура.

Потоа следеше реакција на челниците на фудбалскиот клуб, кои се решија дека сакаат да отстапат од под „крилата“ на спортското друштво.

Поради ваквата одлука, до Партизан пристигна допис во кој е заведена забрана да се користи клупското име, грбот и стадионот на Партизан.  Оваа ситуација е далеку од разрешена, а клубот во овие моменти е пред колапс, па останува да се види дали ќе дојде до некаков компромис.