петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Работнички продаден за 600.000 евра, еве кои се новите газди и каков план имаат

ФК Работнички продаден за 600.000 евра, еве кои се новите газди и каков план имаат

Македонскиот фудбалски клуб Работнички, од денеска има нови сопственици. Се работи за странска компанија, која има блиски релации со „Џевахир“, добро позната компанија во нашата земја.

Денеска на Македонска берза е реализирана трансакција за продажба на 250 акции, откупени се 100% од основната главнина, а вредноста на трансакцијата е 36.904.250 денари, односно околу 600.000 евра.

Планот на новите газди е да го вратат четирикратниот македонски шампион, во врвот на домашната сцена и да да биде постојан учесник на европска сцена, пренесе ТопСпорт.