петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Вардар договори три контролни натпревари во Анталија

ФК Вардар договори три контролни натпревари во Анталија

Македонските фудбалски екипи ги поминуваат зимските подготовки во Анталија каде што преку пријателските натпревари ја темпираат формата пред пролетниот дел од сезоната.

Така и составот на Вардар се подготвува и ќе се обиде преку Втората лига – Запад да се врати во елитата.

Скопските „црвено-црни“ објавија дека се договорени првите три контролни натпревари кои што ќе ги одиграат во вториот дел од подготовките кои ќе бидат во турската Анталија.

На 28 јануари ќе тестираат против украинската Полисја Житомир, на 1 февруари е мечот со рускиот СКА Ростов, а три дена подоцна против Том Томск од Русија.

Претходно ФК Вардар промовираше две засилувања, повратникот Дарко Мицевски и Ване Јованов кој дојде од редовите на Академија Пандев.