петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Вардар останува без дел од стручниот штаб и играчите?

ФК Вардар останува без дел од стручниот штаб и играчите?

Најтрофејниот фудбалски клуб во нашата држава екипата на Вардар, никако да крене глава од проблеми.

Во отсуство на официјални информации од клубот, во комуникација со јавност се навивачите, популарните „Комити“, кои јавуваат за работите кои се случуваат околу вардаровото семејство.

Најновата информација која ја соопштија навивачите е дека во моментите кога сите треба да бидат тука за Вардар, во клубот се бара дел до стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите, со објаснување дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековно функционирање. .

„Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија. Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите… Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите и тоа ладно небаре тоа е нормална работа!

Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?

Се води специјална војна против нас и Вардар! Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците. Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни! Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа да се има и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.

Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате? Навивачите тоа го заслужуваат! Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност и ароганција. Ако правите чекор, направете го сега, ако не, дајте го клубот двете страни!“, велат од навивачката група.

.