понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Вардар се враќа на Градски, клубот ги кани сите на денешниот тренинг

ФК Вардар се враќа на Градски, клубот ги кани сите на денешниот тренинг

Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !

Од клубот ги канат сите денеска во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).

-По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски Фудбалски Бренд. Вардар е Клуб на Народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, Клубот на Народот ве очекува, велат од ФК Вардар