недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Вардар забележа нова победа во Анталија

ФК Вардар забележа нова победа во Анталија

Фудбалерите на Вардар ја забележаа втората победа во третиот пријателски натпревар во Анталија, Турција. „Црвено-црните“ со минимални 1:0 го совладаа вториот тим на Динамо Москва. Стрелец на единствениот гол беше Иван Николов во 82.минута од натпреварот.

Вардар во првиот дел настапи во состав: Илиќ, Ричков А. Ричков М, Стојанов, Стојковски, Нијаз, Велковски, Керим, Парталко, Костовски и Ѓорѓиевски. Пофалби за овој тим кој во првиот дел не прими погодок, а одиграл и добар натпревар.