Фудбалерите на бразилскиот Фламенго вечерва го освоија третото место на Светското клупско првенство откако го победија египетскиот Ал Ахли со 4:2.
Головите за Фламенго ги постигнаа Габриел Барбоса в о 11-тата и 85-тата минута и Педро во 77-та и првата минута од судиското продолжение. Двоен стрелец за Ал Ахли беше Ахмед Абделкадер во 37-та и 60-тата минута.
Ал Ахли од 69-тата минута играше со играч помалку откако директен црвен картон заработи Калид Абдулафатах.