петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Флик отпуштен од селекторската функција на Германија, познат неговиот наследник

Флик отпуштен од селекторската функција на Германија, познат неговиот наследник

Репрезентацијата на Германија како домаќин на следното Европско првенство, нема квалификациски активности, па термините на ФИФА ги користи за одигрување на контролни натпревари.

Од завршувањето на Светското првенство во Катар на кое не се прославија и испаднаа уште во групната фаза, одиграа вкупно шест пријателски натпревари.

Билансот е катастрофален. Четири порази, една нерешена и само една победа и тоа на првиот меч против Перу (2-0). Сето ова беше причина досегашниот селектор Ханси Флик да добие отказ, а веќе е познато името на најсериозниот кандидат за негов наследник.

Се работи за поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулиан Нагелсман, кој после заминувањето од клупата на “баварците“ нема ангажман.