сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Флик смета дека 2020 година е одлична за Баерн

Флик смета дека 2020 година е одлична за Баерн

Тренерот на Баерн, Ханси Флик ги сумираше резултатите остварени во годината што изминува.

Баварците синоќа го победија Локомотив во 6. коло од Лигата на шампионите (2:0) и се пласираа во плејофот како првопласирани во групата. До крајот на 2020 година им остануваат уште 3 натпревари во Бундеслигата.

– Ни преостануваат уште три натпревари оваа година. Со нетрпение ги очекуваме, сакаме да завршиме со висок интензитет. 2020-та беше одлична за нас. Ќе дадеме се од себе за да постигнеме позитивни резултати на средбите што ни преостануваат, и секако ќе се трудиме така да биде и во 2021 година, изјави Флик.

Годинава Баерн покрај германски стана и европски шампион. (МИА)