вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Флорентино до Анчелоти: За Асенсио веќе нема место во Реал Мадрид

Флорентино до Анчелоти: За Асенсио веќе нема место во Реал Мадрид

Марко Асенсио веќе нема иднина во Реал Мадрид откако со своето однесување во изминатите месеци го изнервирал претседателот Флорентино Перез. Шпанскиот репрезентативец има уште една година од актуелниот договор, одбива да ја продолжи соработката, но и да замине од „Сантијаго Бернабеу“ и на Реал да му донесе значителна отштета.

Шпанските медиуми информираат дека на Перез му пукнал филмот, па свикал итен состанок со тренерот Анчелоти, на кој главна тема бил токму Асенсио. Ставот на првиот човек на клубот е јасен – за Асенсио веќе нема место во Реал Мадрид и Анчелоти веќе не треба да го вклучува крилниот офанзивец во тимот на „кралевите“.

Шпанецот ионака не беше стандарден во таборот на Реал, а се очекува по ваквиот став на претседателот тој поголем дел од средбите да следи од трибините и да не се наоѓа дури ни на клупата за резерви.

Останува да се види дали ваквиот третман ќе го смени ставот на Асенсио, или тој ќе реши да остане, да ја „преспие“ цела сезона и потоа како слободен играч да си замине од Мадрид.