петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фода: Одлучни сме и сакаме да играме во Минхен

Фода: Одлучни сме и сакаме да играме во Минхен

Репрезентацијата на Австрија ќе се сретне со Италија во осминафиналето на Европското првенство. „

Аѕурите“ се едно од најпријатните изненадувања и покрај Англија е единствената селекција без примен гол во групите.

Селекторот на Австрија Франко Фода на прес-конференцијата пред мечот имаше само пофални зборови за утрешниот ривал.

„Италија е тим кој најмногу ме импресионираше на ова Европдко првенство. Напаѓаат добро, позиционирањето им е на високо ниво и се опасни во транзиција. Дури и во третиот меч кој не им значеше, изгледаа моќно и покрај многуте промени во тимот. Тие се многу опасни. Италијанците имаат поинаков стил, мора да внимаваме.Јас нема премногу да го менувам тимот, но ќе има тактички надополнувања за како да се игра на топка и без неа. Кога играш во нокаут рундата, сакаш да минеш во четвртфиналето. Одлучни сме, сакаме да играме во Минхен. Иако шансите не се на наша страна, ќе се обидеме“, изјави Фода.

Натпреварот меѓу Австрија и Италија ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон, а ќе биде втор на програмата од 21:00 часот.