Познатиот магазин „Форбс“ објави листа од 10 најплатени спортисти во претходните 12 месеци, а тие оствариле заработка од неверојатни 992 милиони долари.
На врвот на листата се наоѓа ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, кој имаше успешни 12 месеци, а притоа заработи 130 милиони долари, меѓу кои 55 милиони биле од активности надвор од теренот.
Зад Меси се наоѓа Леброн Џејмс со 121,2 милиони долари, а 80 милиони долари заработил надвор од терените.
Сумата од 100 милиони ја надмина и Кристијано Роналдо, кој е трет на листата со 115 милиони долари, по шето следат Нејмар и Стеф Кари во топ-5.
Зад нив се Кевин Дурант, Роџер Федерер, Канело Алварез, Том Брејди и Јани Антетокумпо кои имале одлична сезона.