Мео Сакети, селекторот на Италија со која македонската кошаркарска репрезентација е во иста група во квалификациите за Европското првенство 2021, доби отказ на клупата на Фортитудо.
Прволигашот од Болоња одлучи да ја прекине соработката со актуелниот италијански селектор по серијата лоши резултати.
За разлика од националниот тим, со кого има максимален скор од три победи во евро-квалификациите, Сакети запиша само една победа и осум порази со последно пласираниот тим во италијанското првенство.
Македонската кошаркарска репрезентација во февруари идната година два пати ќе се сретне со Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство. (МИА)