Пред 62 години на денешен ден се случи големата авионска несреќа на Манчестер Јунајтед во која загинаа 23 лица од кои осум фудбалери и тројца членови на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“.
Авионска несреќа која се случи во Минхен, на 6 февруари 1958 година, ги згасна животите на фудбалерите кои беа дел на една од најдобрите генерации на Манчестер Јунајтед.
Таа генерација предводена од Сер Мет Базби чија просечна старост била 21 година ја освоила англиската лига во 1956-та и 1957-та година, а на „Бебињата на Базби” им се предвидуваше дека ќе доминираат и во европскиот фудбал.
На денот на несреќата, тимот се враќал од натпреварот во Европскиот Куп во Белград против Црвена Ѕвезда. Во авионот имало 44 патници од кои загинале 23.