Езџан Алиоски е тема на трансфер берзата, македонскиот репрезентативец е желба на неколку клуба од Турција, а веќе одбил понуда од ЦСКА Москва.
Клубот од Русија му понудил 2,5 милиони евра, но Алиоски ги одбил, сака да остане во Англија кај Лидс каде бара 2 милиони евра по сезона и договор на 4 години.
Алиоски има 29 години, сака да си ја осигури иднината, и бара договор со актуелниот клуб со важност на четири години, засега како слободен играч останува интересен за Фенербахче и Галатасарај.