Договорот со „Спотифај“ ја обврза Барселона да го промени името на стадионот. Парите добиени од оваа спонзорска зделка намалија дел од проблемите на каталонскиот клуб.
Овој викенд на програмата е првото големо дерби во Приемра. Лидерот на табелата ќе гостува кај Реал Мадрид, а на мечот во престолнината ќе се појави со специјални дресови.
Познатиот рапер од Канада, Дрејк, заедно со неговото лого ќе бидат дел од опремата на каталонските фудбалери за „Ел Класико“ судирот.
Barça to wear the logo of the singer, @Drake, on the front of their jersey against Real Madrid 🦉https://t.co/2RSY7rsYyE
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 14, 2022
Шпанскиот судир на гигантите е закажан за в недела со почеток од 16:15 часот.