среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Бура емоции во Амстердам, Пандев го теши Ристовски

ФОТО: Бура емоции во Амстердам, Пандев го теши Ристовски

Како поминува времето и наближува 18 часот, така се повеќе се зголемуваат емоциите во Амстердам.

Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар на Европското првенство, против селекцијата на Холандија.

Крајниот свиреж на судијата на денешниот натпревар, ќе значи и крај на репрезентативната кариера на капитенот Горан Пандев.

Бура емоции, измешани чувства на среќа, гордост, радост и тага. ФФМ објави фотографии на кои Пандев го теши Стефан Ристовски кој очигледно е тажен по веста за заминувањето на Гранде Пандев.