четврток, 28. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Чурлинов позираше со новиот дрес

ФОТО: Чурлинов позираше со новиот дрес

Шалке го потврди трансферот на Дарко Чурлинов, тој ќе настапува една сезона како позајмен играч во клубот, односно до јуни 2022 година.

Во легендарниот германски клуб се среќни што во нивниот состав се приклучи репрезентативецот на Македонија. Чурлинов вели дека брзо се договориле.

„Среќен сум што брзо се договоривме. Имав лесна задача да решам, се надевам дека на клубот ќе му помогнам да победува“ – изјави Чурлинов.

Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер е задоволен што македонскиот репрезентативец е дел од Шалке.

„Дарко е извонреден играч, офанзивен и одличен во дуелите еден на еден, тој постојано е опасен за противникот“ – изјави Шредер.