недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Џака се освежуваше со Кока Кола пред пеналите и направи хаос на Твитер!

ФОТО: Џака се освежуваше со Кока Кола пред пеналите и направи хаос на Твитер!

Фудбалската селекција на Швајцарија го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од Европското првенство, затоа што го елиминира фаворитот Франција, кој на овој собир допатува како актуелен светски шампион.

По лудите деведесет минути во Букурешт, во кои Швајцарија се врати од негатива од 3-1 и се избори за продолженија, во дополнителните триесет минути мрежите мируваа, па патникот во четвртфиналето се решаваше по ударите од единаесет метри.

Поуспешни во „лотаријата“ беа Швајцарците, откако Зомер му го фати клучниот пенал на Мбапе, но еден момент пред изведувањето на ударите од најстрога казна направи хаос на социјалните мрежи.

Имено, швајцарскиот капитен Гранит Џака се освежуваше со Кока Кола, па очекувано сите го „прозваа“ Кристијано Роналдо, кој е против конзумирање на овој напиток и тоа јавно го кажа на една од прес-конференциите на Португалија на Европското првенство.