Ѕвездата на „Манчестер Јунајтед“, Маруан Фелаини стана хит на социјалните мрежи поради новата фризура.
Тој се фотографираше со фризура како Мики Маус за светскиот магазин „Џи-кју“.
Белгиецот ги запали социјалните мрежи и се најде во фокусот на јавноста поради интервјуто кое го даде за магазинот „Џеј Кју“, односно фотосесијата која ја направи за истиот.
Играчот за врска кој години наназад е препознатлив поради својата афро фризура одлучи да се претстави во едно навистина поинакво светло и на социјалните мрежи го доби прекарот „Мики Маус“ фризура.