Филип Гачевски денеска прослави еден јубилеј во црвено-црниот дрес, откако по 150-ти пат го облече дресот на Вардар.
Миленикот на вардаровите навивачи е воедно и член на златната вардарова генерација која што играше во групната фаза во Лига Европа и е пример за вистински лидер во и надвор од фудбалските терени.
-Гача, ти посакуваме уште многу заеднички успеси во црвено црниот дрес, му честитаа од ФК Вардар.