Екипата на Лестер денес го одржа својот прв натпревар на домашен терен по хеликоптерската несреќата кај „Кинг Пауер“ во која загина сопственикот на клубот Вичај Шривадханапрахба и уште четири лица.
Стадионот беше преплавен со емоции од навивачите, но и од членовите на првиот тим на „Лисиците“, лидерите во соблекувалната и милениците на навивачите.
Фудбалерите на Лестер на теренот се појавија со дресови и маички на кои имаше емотивна порака за нивниот трагично загинат сопственик.