четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

(ФОТО) Го одведе Реал Мадрид на врвот на Европа, а сега клекна и ја запроси својата девојка

(ФОТО) Го одведе Реал Мадрид на врвот на Европа, а сега клекна и ја запроси својата девојка

Реал Мадрид пред седум дена стана европски шампион откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада Ливерпул со 1-0.

Кралскиот клуб сезонава ги изненади сите со своите неверојатни победи во Лигата на шампионите, а неколку пати успеваше да се врати во натпревари во кои сите веќе ги отпишаа и на крајот стигнаа до трофејот.

Еден од хероите на Реал Мадрид беше Тибо Куртоа, кој бранеше навистина спектакуларно во нокаут фазата, а тоа особено се однесува на финалниот натпревар против Ливерпул во Париз.

По прославата на трофејот, фудбалерите на Реал добија заслужени слободни денови пред заминувањето на репрезентативните обврски, а Куртоа реши да помине мала пауза со својата девојка Мишел Герзиг.

Тие почнаа да се забавуваат пред една година и белгискиот голман одлучи дека тоа му е доволно и дека е време за нов чекор.

Имено, на Твитер се појавија фотографии од Куртоа како ја запросува својата девојка на јахта, што таа очигледно не го очекувала и била многу изненадена.

Но, најважно од се Мишел кажа „да“ и се согласи да се омажи за Куртоа, а се очекува наскоро да ја потврдат свршувачката. Иако Куртоа сакаше тоа да биде приватна работа, на крајот еден од фотографите успеа да ги фати на дело.