Шпанскиот голман Икер Касиљас, на социјалните мрежи се пофали дека после шест месеци и три дена повторно облекол копачки.
Фудбалската 39-годишна легенда, кој на тренинг на португалскиот клуб Порто, на 1 мај годинава имаше срцев удар, и после тој миокарден инфаркт, кој за среќа го преживеа, никогаш не кажа дека дефинитивно ја завршува кариерата. Дека има намера да продолжи да брани на официјални мечеви, тој докажа денеска.
„Шест месеци и три дена бевте во кутија“ – напиша Икер, објавувајќи фотографија од неговите копачки, и најавувајќи дека се враќа на фудбалските терени. Касиљас доби дозвола од лекарите да почне со тренинзи, откако ги мина деталните прегледи.