Лионел Меси денеска најверојатно ќе биде официјализиран како ново засилување на ПСЖ, а во Барселона на големо се простуваат од него.
Иако утринава одекна веста дека Барселона испратиле последна понуда во надеж дека ќе се договорат со Меси, веќе е јасно дека сите преговори завршија.
Случувањата на Камп Ноу сведочат дека крајот навистина дојде.
Големиот плакат со ликот на Меси кој се наоѓаше на надворешната страна на стадионот се отстранува.
Во исто време италијанскиот новинар Фабрицио Романо пишува дека Меси договорил две годишна соработка во ПСЖ со можност за продолжување, а ќе заработува годишна со сите бонуси околу 35 милиони евра.