Дојде денот кога македонската фудбалска репрезентација ќе испише историја, денот кога Европа мирно ќе стои на македонската химна, а знамето гордо ќе се вее.
Денес го играме историскиот прв меч на ЕУРО 2020 во фудбал. Адреналинот расте, емоциите се се поголеми, срцата забрзано ни чукаат.
Сите сме во исчекување кога Горан Пандев, Елиф Елмас, Барди, Алиовски, Велковски, Николов, на чело со големиот капетан Игор Ангеловски – Мрме ќе стапнат на зелениот „килим“ на арената во Букурешт.
По тој повод, во Македонија е започната голема акција во која сите треба да ги зивадиме македонските знамиња на нашите балкони, прозори, дворови… како знак на поддршка на фудбалерите.
Оваа акција забрзано се спроведува речиси во цела Македонија, па така ако веќе не сте го сториле тоа сега е ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ, доколку немате знаме, сторете го тоа со шал, капа или било која друга реквизита која ги отсликува боите на МАКЕДОНИЈА.