Македонската фудбалска репрезентација вечерва го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар против Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство.
Иако на хартија нашите репрезентативци се аутсајдери, сепак тие веруваат дек аможат да направат изненадување, а дека се способни за такво нешто покажа многупати.
Селекторот Благоја Милевски на своите избраници им порача да не се оптоваруваат со резултатот, да немаат премногу респект кон домаќинот и едноставно да истрчаат на теренот на „Ренцо Барбера“ и да уживаат.
Натпреварот Италија – Македонија ќе се игра утревечер од 20:45 часот во Палермо.