среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Македонскиот дрес блесна на „Ванда Метрополитано“- стана дел од светската кампања „Фудбал за мир“

ФОТО: Македонскиот дрес блесна на „Ванда Метрополитано“- стана дел од светската кампања „Фудбал за мир“

Црвено- жолтиот дрес на македонската фудбалска репрезентација е вклучен во светската кампања „Фудбал за мир“ со поддршка на Обединетите нации.

Македонскиот дрес, заедно со дресовите на над 80 фудбалски репрезентации од целиот свет, е изложен на „Ванда Метрополитано“ стадионот на кој своите натпревари ги игра шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

-На Wanda Metropolitano, стадионот на Atlético de Madrid се изложени дресовите на преку 80 фудбалски репрезентации, како дел од кампањата на дипломатските претставништва, меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот, информираат од ФФМ.