вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Милевски го објави составот за натпреварот со Италија

ФОТО: Милевски го објави составот за натпреварот со Италија

Македонија вечерва ја пречекува Италија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство на националната арена „Тодор Проески“.

Селекторот Благоја Милевски ги избра фудбалерите кои ќе истрчаат на теренот против Италија. За разлика од мечот со Англија овојпат го нема повредениот Велковски, Трајковски кој е без клуб, стартери не се ниту Несторовски и Адеми кој до вчера беше во Загреб да го договори трансферот со Динамо. Не е ниту Ристовски кој се откажа од репрезентацијата, нов капитен ни е Барди.

Голман е Димитриевски, странично ќе играат Ашковски и Алиоски, а централната одбранбена тројка е Манев, Муслиу и Зајков.

Во средниот ред се Барди, Елези, Атанасов и Елмас, најистурен во нападот е Миовски.