Навивачите на фудбалскиот клуб Левски веќе пристигнаа во Скопје, за натпреварот кој вечерва ќе се одигра на Арена „Тодор Проевски“ помеѓу Шкупи и Левски.
Дел од навивачите пристигнаа во центарот на градот и Градски парк, а мала провокација се обиде да направи еден навивач на гостите, кој веднаш беше ставен под контрола од полицијата.
Додека топлата се движеше кон договореното место, еден навивач се оддели и побара вода од кафеана, каде имаше други гости.
Веднаш на лице место се најде и полицијата, која го сочека Бугаринот да си купи вода, кој сакаше да ја плати, иако на крајот ја доби гратис, веројатно од сопственикот на локалот.
Потоа тој замина во топлата, каде со другите навивачи продолжија кон Плоштад Македонија, каде најавија дека ќе се соберат околу 19 часот.
извор+фото: informa.mk