вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: „Ново сонце изгреа”, еве од каде е инспирацијата за дизајнот на дресовите на фудбалската репрезентација

ФОТО: „Ново сонце изгреа”, еве од каде е инспирацијата за дизајнот на дресовите на фудбалската репрезентација

ФФМ вчера го претстави новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија.

-Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство, велат од ФФМ.

Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.