Македонската фудбалска репрезентација денес со чартер-лет патува за Букурешт каде ќе настапи на Европското првенство.
Натпреварот со Австрија е во недела на 13 јуни, прв за националниот тим на континеталниот шампионат.
Нашите репрезентативци утринава се одјавија од хотелот и заминаа за скопскиот аеродром од каде ќе полетаат за Букурешт.