Фудбалерот на Ривер Плата, Езекијел Паласиос кај девојките прилично го користел своето занимање за да им се доближи.
Старлетата Марија Сол Перез обелодени дека Паласиос бил доста напорен и дека ја ставил во прилично незгодна ситуација.
„Не сакав да излезам со него бидејќи е пет години помлад, но беше упорен и јас на крај се согласив. Да бевме во врска, но потоа дознав дека има уште две девојки од страна“ изјави за тамошните медиуми Перез.
Се покажало дека Паласиос веќе има девојка,глумицата и пејачката Хулијана Орелјано. Покрај нив двете, во исто време одржувал врска и со сосетката Карен, а еден добар период ни една од споменатите три девојки не знаеле една за друга.
Кога изби скандалот, сите три девојки го оставиле. Остана без хет-трик, па сега му останува барем да проба да го освои Копа Либертадорес против Бока на 9. декември во Мадрид.