четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Пирло се фотографираше во Лондон, а со коментарот ја „запали“ фудбалска Англија

ФОТО: Пирло се фотографираше во Лондон, а со коментарот ја „запали“ фудбалска Англија

Поранешниот стратег на Јувентус, Андреа Пирло моментално е во Лондон, од каде сподели фотографија и со својот коментар ја „запали“ фудбалска Англија.

Наводно, Арсенал кој има ужасен старт во Премиер лигата и Андреа Пирло се во преговори, а можеби токму оваа фотографија го докажува тоа. Легендарниот Италијанец ја сподели на социјалните мрежи со опис „London calling“.

„Топџиите“ под водство на Микел Артета бележат катастрофални резултати во новата сезона и имаат три порази од исто толку натпревари. Затоа веќе се шпекулира дека деновите на Шпанецот на клупата на поранешниот шампион на Премиер лигата се изброени.

Дали токму Пирло ќе биде неговата замена, наскоро ќе дознаеме.