сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Познато како ќе изгледа новиот „Камп Ноу“ кој ќе чини 900 милиони евра

ФОТО: Познато како ќе изгледа новиот „Камп Ноу“ кој ќе чини 900 милиони евра

Барселона тргнува во изградба нов спортско деловен комплекс. Каталонскиот џин минатата сезона ја заврши со минус од 451 милиони евра, со што вкупниот минус на клубот се зголеми на 1.35 милијарди евра.

Иако клубот е во минус, најавени се нови големи вложувања, кои на долги патеки би требало да донесат заработка. Клубот од своето Собрание ќе бара одобрение за подигнување кредит од една и пол милијарди евра, за изградба на нов спортско деловен комплекс.

Тие за барањето би требало да гласаат на крајот на годината и се очекува во јануари веќе да бидат потпишани преддоговорите па барањето за кредитот да биде и службено предадено.

Барселона со години планира да гради комплекс и целосно да го реконструира Кам Ноу. Иницијалниот проект чинел 600 милиони евра и требаше да биде готов до крајот на ова година, но трошоците во меѓувреме се качија на дури речиси милијарда и пол евра.

Само реконструкцијата на стадионот ќе чини околу 900 милиони евра, а остатокот од парите ќе се потпроши на салата кој има капацитет од 12.500 гледачи, нов стадион за Академијата и поопратна инфраструктура. Доколку се биде според планот овој проект би требало да биде готов во 2025 година.

АС објави и како би требало да изгледа Камп Ноу и комплексот на Барслеона: