сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Претставен авионот на Марадона

ФОТО: Претставен авионот на Марадона

Авионот, посветен на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, беше претставен во средата пред патувањето кое ќе заврши на Светското првенство во Катар подоцна оваа година.

Танго Д10С – авион со 12 седишта финансиран од аргентинската компанија за финансиско производство – беше дизајниран како летечки музеј во чест на Марадона, светскиот шампион со Аргентина, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година. И на опашката на авионот е слика од неговото лице.

На крилата има слики од двата негови гола од победата на Аргентина од 2-1 над Англија во четвртфиналето на Светското првенство 1986 година: голот „Божја рака“ на левото крило и победничкиот гол на десно.

– Јас сум луд по Марадона, јас сум од оние луѓе кои се уште гледаат видеа со Диего пред да заспие. Ова е прво Светско првенство без Марадона, а можеби и последно со (Лионел) Меси. Реков, сакам да направам авион Диего, сакам да направам авион Диего. И така го лансиравме Tango D10S. Кога соиграчите на Марадона, кои заедно со него го освоија Светското првенство во 1986 година, го видоа ова, останаа запрепастени, хипнотизирани од авионот – изјави Гастон Колкер, извршен директор на финтех компанијата „Гајв и Гет“.

Планот е да се лета со авион околу Аргентина и евентуално во Катар на Светското првенство во ноември. Навивачите ќе можат да се качат во авионот и да му остават порака на Марадона во пилотската кабина, да имаат „интеракција“ со починатиот играч преку вештачка интелигенција и да гледаат спомени од него и од другите играчи од тимот од 1986 година. Ќе биде достапен и за приватно изнајмување пред да биде продаден на аукција во добротворни цели.

– Не можеме да веруваме или да го разбереме ова лудило, љубовта што постои. До каде ќе одат навивачите? До каде оди авионот – рекла Далма, ќерката на Марадона.

Извор: Спорт М