четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Прогноза од пред осум години која го погоди конечниот исход на финалето на ЕП 2020

ФОТО: Прогноза од пред осум години која го погоди конечниот исход на финалето на ЕП 2020

Англија не успеа да го искористи домашниот терен на „Вембли“ и загуби во борбата за европската титула против Италија, која беше поуспешна по пеналите.

Социјалните мрежи се полни со реакции по победата на тимот предводен од Роберто Манчини. Интересен „твит“ беше споделен, кој датира од 22 февруари 2013 година.

Навивачот напиша дека Англичаните ќе загубат во финалето на ЕП 2020 од Италија, а погоди дека и мечот ќе заврши по шутирање на пенали.

Џанлуиџи Донарума беше херој на Италијанците, бранејќи три пенали во низа на противничките фудбалери.