сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Ракитиќ пешки тргна накај својот дом во Барселона

ФОТО: Ракитиќ пешки тргна накај својот дом во Барселона

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се врати од Кардиф во Барселона по квалификацискиот дуел меѓу Хрватска и Велс.

По слетувањето на аеродромот, фудбалерот на Барселона наиде на проблеми бидејќи демонстранти го блокирале аеродромот, па морал пешки да тргне кон својот дом.

Демонстрантите незадоволни од пресудите за каталонските официјални претставници одлучиле да го блокираат локалниот аеродром Ел Прат каде претходно во текот на денот дури морала да интервенира и полицијата. Во прекин биле метрото и железничкиот сообраќај. Пред аеродромот имало поставени автомобили.

Поради сето ова Ракитиќ морал пешки со големиот куфер да тргне кон дома, во друштво на останатите патници кои слетале во Барселона. Според шпанските медиуми Ракитиќ сепак успеал да фати такси.