петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Роналдо итно префрлен во болница на Ибица, стигнаа и првите пораки за поддршка од фудбалерите

ФОТО: Роналдо итно префрлен во болница на Ибица, стигнаа и првите пораки за поддршка од фудбалерите

уис Назадрио де Лима, или во фудбалскиот свет многу попознат како Роналдо, бил примен на интензивна нега во болницата „Нуестра Сењора“ на Ибица.

Според „Диарио Де Ибица“ легендарниот фудбалер страдал од пневмонија. По првата посета на болницата во петокот, кога болеста била дијагностицирана, моменталната состојба барала тој веднаш да биде префрлен во многу пореномирана болница.

Веднаш откако се дозна веста, прв со порака за поддршка на социјалните мрежи се јави поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Ферднинанд.

Искусниот стопер на Инстаграм објави фотографија со Роналдо под која напиша :

-Само што ја видов веста… се надевам дека си добро, легендо. Побрзо заздравување.

Just seen the news…. hope ur ok legend, get well soon!! @ronaldo ??⚽??#R9

A post shared by Rio Ferdinand (@rioferdy5) on